Опис
Tsunami фен за миленичиња: одличен фен со еден мотор, кој со своите карактеристики умее да надмине и некои фенови со двоен мотор. Фен за брзо и лесно издувување на водата од влакното. На фенот има двостепен прекинувач, како и ротирачки потенциометар за подесување на јачината на моторот. Цревото со пречник од 50mm овозможува брз проток на воздух, а доаѓа со три различни наставки за полесна работа. Доаѓа во црна боја.
Јачината на моторот на овој фен е максимум 2800W- на фенот има ротирачко тркалце-потенциометар, за лесно подесување на јачината по желба. На фенот има двостепен прекинувач- за ладно и топло дување . Температурата оди до 50 степени Целзиусови. Волуменот на воздух е 7 m3/min. Тежината на фенот е 5,2kg.
Tsunami фенот за миленичиња има рачка на горниот дел, па лесно се пренесува од место на место. Има четири потпорни точки-ногарки, па лесно може да се постави и на држач за фен. Во понудата имаме и држач за црево кој лесно се фиксира на работната површина, а ја олеснува работата со фенот.
Напонот на уредот е 220V. Има долго квалитетно црево кое се издолжува до максимум 3m должина во текот на работата. Инаку е долго 70cm. Цревото лесно се поставува на фенот. На делот каде што се држи има заштита од неопрен за подобро прилепување до раката.
Производител Shernbao

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.