Опис
Progress машина за стрижење коњи и говеда: рачна електрична машина за стрижење коњи и говеда. Квалитетна изработка, швајцарски квалитет!
Благодарение на новиот дизајн, со ергономски обликувана рачка и тивка работа, идеална е за нервозни животни. Исто така, доста ја користат и жените во работата бидејќи е полесна во однос на другите машинки.
Карактеристики на Progress машината за стрижење коњи и говеда: моќност 80W, 2200 вртежи/min, тежина 930g. Вкупната должина на машинката е 280mm. Емисија на бучава: 72dB. Должината на струјниот кабел е 5m. Сигурна професионална машина за долгогодишно успешно стрижење. Се испорачува во куфер, со еден пар ножеви за стрижење, одвртувач, масло за подмачкување и четкичка. Се разбира, Ви советуваме да го прочитате и упатството што доаѓа со машинката, за да се грижите за машината онака како што препорачува производителот.
Фабрички на машинката доаѓа комплет ножеви 15/31. Во понудата имаме и други комбинации на комплети ножеви, кои се разбира одговараат на оваа машинка.
Предупредување: пред првото користење сипете масло за ножеви и во главата на машинката, вклучете ја десетина секунди за да се подмачка. Потоа почнете да стрижете. Во текот на работата, неопходно е да ги подмачкате ножевите. На крајот од работата задолжително исчистете ги ножевите и оставете ги подмачкани со масло за да избегнете создавање корозија. Машинката никогаш не ја потопувајте во течност! Обезбедете го струјниот кабел во текот на работата за животното да не го искине или да не стапне на него. Задолжително исклучете ја машинката на прекинувачот на 0 пред да ја исклучите од штекерот.

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.