Опис
Изолатори за електрична ограда, за жица: Робусни изолатори со метално засилување и под пластичниот дел. Лесно се завртуваат во дрвени столбови. Квалитетната изработка гарантира долг век.
Одговара за сите типови жици, полижици и јажиња за електрични огради со дебелина до 2mm. Изолаторот е направен од тврда пластика, во црна боја. На себе има засек низ кој ја провлекувате жицата. Во пакувањето има 25 парчиња, но ги продаваме на парче.
Електричните огради најчесто се прават за оградување пасишта за овци и кози. Во последно време сè повеќе се оградуваат и простори за свињи каде што можат слободно да ровјат. Во понудата имаме и изолатор со шајка кој се заковува.
Нудиме уреди од германскиот производител AKO. Уредите се трајни и лесно се поставуваат. Погледнете го најбараниот модел – ako duo power x1000 кој одговара за должини од 10km ограда. За овци секако се препорачува користење полижица. Во понудата имаме поевтина жица за пократки огради до 250m. За подолги огради секако препорачуваме користење спроводлива жица. Таа секако има поголема отпорност и на кинење.
Лете, доколку имате слободен простор, секако би требало да го искористите за пасење. Со текот на времето сè потешко е да се најдат физички работници кои постојано би го следеле добитокот. Инвестицијата во електричен пастир брзо се враќа. Физичката активност е добра за животните, штедите на храна, а силната ограда е ефикасна и против диви животни.

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.