Опис
Super Cyclone фен за миленичиња: ново во нашата понуда. Одличен фен со еден мотор, кој со своите карактеристики умее да надмине многу конкурентни фенови. Фен за брзо и лесно издувување на водата од влакното. На фенот има двостепен прекинувач, како и ротирачки потенциометар за прилагодување на јачината на моторот. Цревото со дијаметар од 50mm овозможува брз проток на воздух, а доаѓа со три различни наставки за полесна работа. Доаѓа во зелена мента боја.
Јачината на овој фен е максимални 2600W – на фенот има ротирачко тркалце-потенциометар, за лесно прилагодување на јачината по желба. На фенот се наоѓа двостепен прекинувач – за ладно и топло дување . Температурата оди до 50 степени Целзиусови. Зафатнината на воздухот е 6 m3/min. Тежината на фенот е околу 5 kg.
Super Cyclone фенот за миленичиња има рачка на горниот дел, па лесно се пренесува од место на место. Има четири точки на потпирање – ногарки, па лесно може да се постави и на држач за фен. Во понудата имаме и држач за цревото на бластерот кој лесно се фиксира за работната површина, а ја олеснува работата со фенот.
Напонот на уредот е 220V. Има долго квалитетно црево кое се издолжува до максимални 3m должина во текот на работата. Инаку е долго 70cm. Цревото лесно се поставува на фенот. На делот каде што се држи има заштита од неопрен за подобро прилепување до раката.
Производи Shernbao
