Опис
Artero 2M фен за домашни миленичиња: професионален dryer и бластер кој обезбедува силен проток на воздух и брзо сушење на влакното. Наменет е за професионални громери и сопственици кои сакаат ефикасна и сигурна опрема.
Главни карактеристики:
- два мотора (3000W)- секогаш работат истовремено, за максимална моќност;
- проток на воздух 320CFM- брзо ја отстранува влагата и го скратува времето на сушење;
- потенциометар за едноставна регулација на протокот на воздух;
- максимална температура 52 степени Целзиусови- безбедно сушење без ризик од прегревање;
- ниско ниво на бучава 85 dB- поудобно искуство за миленичето;
- флексибилно црево кое се издолжува до 2m должина, со неопренска рачка за удобност при работа;
- сет од 3 наставки- за различни потреби при сушењето;
- лесно одржување- филтрите едноставно се вадат и чистат.
Со фенот може да се купи и држач со тркалца и цврста цевка.
Artero е шпански бренд со традиција од 1909 година, познат по врвните алати за нега на домашни миленичиња. Овој фен е сигурен, моќен и дизајниран да ја олесни секоја громинг сесија.
