Опис
Artero Mix двофазен балсам за миленичиња: професионален спреј балсам за кучиња и мачки, развиен да го олесни расчешлувањето, да ги отстрани јазлите и да го скрати времето на сушење. Погоден е за секојдневна нега, му дава волумен, мекост и моментален сјај на влакното.
Artero е шпански бренд со традиција од 1909 година, познат по професионалната козметика низ целиот свет. Нивните производи комбинираат иновација, квалитет и природни состојки, обезбедувајќи безбедна и ефикасна нега за кучиња и мачки.
Главната намена на Artero Mix е отстранување на јазлите и олеснување на расчешлувањето. Расите кај кои е најкорисен се: малтезер, ши-цу, пудлица, бишон, мачки со долго или густо влакно. Сепак, може да се користи кај сите раси што имаат долго, кадраво и густо влакно. Достапен е во пакување од 650ml.
Предности: благодарение на рицинусовото масло ги негува кожата и влакното; ,,anti-friction“ формулата го намалува триењето при чешлањето, го олеснува лизгањето на четката и го спречува кршењето на влакното; го скратува времето на сушење; широка примена кај миленичињата.
Упатство за употреба: добро протресете пред употреба за да се активира двофазната формула, нанесете на суво или влажно влакно, рамномерно распрскајте по целото влакно, расчешлајте го и обликувајте го влакното по желба. Не плакнете со вода. Погоден е за користење пред стрижење, бидејќи ќе Ви помогне да го обликувате влакното по желба.
