Бесплатна достава за нарачки над 5.000 ден

Најава
Нема на залиха
Bistar

Метар за мерење тежина на говеда и свињи

410 ден
Моментално недостапно

Метар за мерење тежина на говеда и свињи: мерна лента за полесно мерење на тежината на говедата и свињите. Вкупна должина 2,5m.

Нема на залиха

  • Испраќање во рок од 24 часа - испорака за 1-3 работни дена
  • Плаќање при достава - на курирот при преземањето

Опис

Метар за мерење тежина на говеда и свињи: мерна лента за полесно мерење на тежината на говедата и свињите. Вкупна должина 2,5m.

На едната страна е должината во cm. На другата страна е прикажана тежината во зависност од обемот. Прво е прикажана табелата за свињи. Потоа е прикажана за говеда. Што се однесува до нив- прво оди приказот за стандардни грла кои се одгледувани со нормално темпо на раст. Без оглед дали се држени на пасиште или во штала. После него, оди приказот за грла кои брзо растат и се товени. Кај нив скалата е нешто поинаква.

Мерната лента за говеда и свињи е со вкупна должина од 2,5m. Со притискање на белото копче во средината, лентата автоматски се повлекува внатре. Обрнете внимание да биде исправена при вовлекувањето. Исто така, пружината е прилично јака- внимавајте да не Ве удри по прстите. Лентата се поставува на делот од телото зад предните нозе околу градите за да се добие точната килажа.

Доколку пред мерењето животните доживеале поголем стрес- долго патување со превозно средство или долготрајно пешачење, препораката на производителот е да се одземат 5% од добиената вредност на тежината. За свињи прикажува тежина до 200kg. Кај говедата- за стандардни грла до 1000kg, за брзо товени до 1080kg тежина. Не е дозволено за наведување килажа во комерцијални цели.