Опис
2 во 1 концентриран шампон со регенератор: наменет за раси кучиња со долго, како и со суво испукано влакно. Се раствора во сооднос 1:10.
Groom Professional брзо станува еден од најпродаваните брендови низ Европа. Шампоните секако се едни од главните двигатели на овој бренд. Произведени се во Велика Британија. Во производството се користени најквалитетните состојки. Повеќето шампони се развиени земајќи ги предвид одредени специфичности на расите или одредени проблеми што се јавуваат во громингот. Така што во својата понуда имаат по нешто за секое милениче.
2 во 1 концентрираниот шампон со регенератор е наменет за миленичиња со долго или со испукано влакно. Содржи дополнителен протеин кој го зајакнува и пополнува фоликулот на влакното. На крзното му се враќа сјајот, како и природната мазност. Бидејќи во себе содржи регенератор, шампонирањето трае пократко и е помалку стресно за миленичињата. Воедно го олеснува четкањето по капењето. Чест е избор на сопствениците на домашни миленичиња, бидејќи крзното на миленичето изгледа негувано, сјајно и има одличен мирис.
Шампонот е концентриран. Се разредува во сооднос 1:10 (1 мерка шампон на 10 мерки вода). Задолжително користете го разреден. Не нанесувајте го на суво влакно. Задолжително добро исплакнете по користењето. Внимавајте шампонот да не дојде во контакт со очите и ушите. Ако дојде до контакт, исплакнете со чиста млака вода. За полесно користење, набавете пумпа за балон од 4L.

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.