Опис
Метална поилка со пловак: многу издржлива поилка. Димензии 25x25x12cm, капацитет 2,5 литри. Има приклучок за вода од 1/2“. Влезот може да се намести и од левата и од десната страна.
Широко распространета, се користи во сите стопанства што одгледуваат коњи, говеда, овци, кози или прасиња. Во последно време, се зголемува користењето и за кучиња, како во домашни услови, така и на стопанствата.
Металната поилка има пластичен пловак кој го регулира протокот на вода. Пловакот е заштитен со капак. Штом животното ја испие водата, пловакот автоматски се активира и секогаш се одржува одредено ниво на вода во поилката. На овој начин имаме помалку физички напорна работа околу напојувањето на животните. Металната поилка со пловак Ви штеди време и енергија за некои други работи на фармата. Животните се поопуштени, знаат дека водата им е секогаш достапна, а немаат начин да квасат и да истураат, со што се влијае на хигиената во објектот.
Препорачуваме редовно миење и одржување на сета опрема, па така и на поилките. При миењето, треба да се одврти чепот, да се испушти вишокот вода, да се затвори доводот на нова вода и сè детално да се измие. Така евентуалните нечистотии и поситната нечистотија ќе се исфрлат и пловакот ќе трае подолго.

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.