Опис
Мрежа за животни BEAUMONT 50m: мрежа за електрична ограда. Наменета за електрифицирање. Вкупната должина на мрежата е 50m, а висината 90cm.
Ова е професионална мрежа која се користи за чување јагниња, овци и кози. Должината на мрежата е 50m, во својот состав има 14 бели столбови направени од тврда пластика со шилец на крајот. Вертикалните редови имаат засилена врска со хоризонталните редови со помош на штипки направени од полиетилен, па оградата секогаш стои исправено и затегнато.
Мрежата се состои од 8 хоризонтални жици кои спроведуваат струја. Спроводниците се изработени во комбинација од бакар и нерѓосувачки челик, исплетени со жолт најлон за мрежата да има поголема отпорност на кинење. Вертикалните жици се пластични и не спроведуваат струја. Имаат функција да ја држат жицата исправена и создаваат коцки со различни димензии. Така можете да бидете сигурни дека младенчињата не можат да поминат под жиците. Спроводливоста на жицата е 0,29 Ω/m, па е лесно да се поврзат повеќе мрежи на еден апарат. На тој начин можете да покриете големи површини и да им овозможите на животните поголем простор за пасење.
Столбовите на врвовите имаат поставени пластични засилувања. На нив се засечени отвори за жицата, па лесно можете да надоврзете друга мрежа на постојната. Столбот на следната мрежа поставете го до столбот на постојната, а жиците поврзете ги со метални спроводници – спојници за жица. Со тоа лесно ќе ја вклучите и новата мрежа во постојната електрична ограда.
Мрежата за животни BEAUMONT 50m доаѓа во транспортна кутија со ознака за предупредување за електрична ограда (јарко жолта ознака), со дополнително јаже за поврзување на сите столбови при дното и два пластични шилци со кои го фиксирате истото јаже при земјата. Ова е важно бидејќи и вертикалните жици се поврзуваат за него, па тоа е уште едно осигурување дека мрежата ќе стои затегнато. Производител Agrar Horizont.

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.