Опис
Спреј за расплеткување – knot a problem: спреј за полесно чешлање на густото влакно на Вашите миленичиња. Овој спреј не се плакне, а делува и како регенератор во спреј. Може да се користи пред капењето, после него или во времето помеѓу две капења.
Groom Professional брзо станува еден од најпродаваните брендови низ цела Европа. Во производството се користени најквалитетни состојки. Повеќето производи се развиени земајќи ги предвид одредените специфичности на расите или одредени проблеми што се јавуваат во громингот. Така што во својата понуда имаат по нешто за секое милениче.
Спрејот во себе содржи екстракт од див костен, комбиниран со камилица и нане. Состојките се пријатни за кожата, не предизвикуваат иритација, а воедно се делотворни на јазлите и сплетените делови од крзното.
Спрејот за расплеткување – knot a problem е многу едноставен за употреба. Ако го користите пред капењето, ќе Ви помогне да го расплеткате секој јазол. По капењето ќе му даде дополнителна нега на самото влакно, а и ќе Ви го олесни финишот на влакното при сушењето со фен. Особено важно кај кадравите миленичиња. Во периодот помеѓу две капења, дополнително ќе го освежи изгледот на крзното. Доколку влакното се сплетело, полесно ќе го расчешлате, а регенераторот ќе му даде дополнителна мекост и мазност.

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.