Опис
Style Midi тример: Машинката се користи за стрижење на контурите на главата кај кучињата, нозете, стомакот и опашката. Должината на стрижење може да се подесува од 0.5 – 2.5 mm. Со машинката добивате 5 наставки-чешли со најчестите должини на стрижење: 4, 8, 12, 16 и 20 mm. Лесно се вклучува и исклучува со главниот прекинувач.
Освен како безжичен тример, оваа машинка во секој момент може да се приклучи на струја, со помош на кабелот од полначот на батеријата. Лесна, ергономски обликувана, тивка и многу прецизна во работата, Heiniger Style Midi тримерот со леснотија минува низ влакното на кучињата.
Карактеристики: Време на работа со батерија: до 100 min, Време на полнење: 60 min, 4 должини на сечење: 0,5 – 2,5 mm 5 наставки – чешли: 4, 8, 12, 16, 20 mm. Брзина: 2400 двојни движења на ножот/min, димензии LxWxH: 175 x 46 x 50 mm, тежина: 240 g. Производител Heiniger.
Style Midi тримерот е идеален за стрижење-тримување кај сите раси, за пределот околу шепите и чувствителните делови на главата. Што се однесува до одржувањето на влакното, лесен е за раси како што се: џек расел териери, јоркширски териери, малтезери, ши-цу, шкотски териери или шнауцери.
Пред првата употреба, неопходно е да ги подмачкате ножевите со масло. Препорачливо е по секое користење ножевите да ги исчистите и подмачкате. Во понудата имаме пакувања масло за машинки од 100ml и 500ml. Се разбира, имаме и резервна глава за оваа машинка. Во понудата го имаме и Style Mini Trimer за потешко достапните делови.

Овој производ сè уште нема рецензии.
Ако сте го користеле, Вашето искуство им помага на другите купувачи да го изберат вистинскиот производ.